Ја интензивираме соработката со Словенија и во областа на дигитализацијата.
Словенечките искуства и во овој дел се значајни за нашите европски интеграции, но и на домашен план, во зголемувањето на електронските услуги кон граѓаните, што го намалува човечкиот контакт и со тоа придонесува во борбата со корупцијата.
За ова зборувавме со министерката за дигитализација, Емилија Стојменова Дух, која е со македонско потекло и е пример дека Северна Македонија има квалитетен кадар со којшто може да се гордее надвор од државата, а нашата цел е со напредокот во евроинтеграциите да ги мотивираме младите луѓе да живеат и работат во родната земја.
Пронајдете не на следниве мрежи: