Да се разбереме, вежбањето е секогаш добредојдено, но ако вашата цел е да се извлече максимумот од вежбањето и да согорите колку што е можно повеќе калории, некои делови од денот се подобри од другите. Утрото е најдобро за вежбање кога целта е губење на тежината, а тоа подразбира вежбање во теретана или трчање. На почетокот на денот се трошат најмногу калории и масти, поради што со утринското вежбање трошите и до 20 % повеќе масти одколку навечер.
Во случај во текот на денот да имате некоја важна обврска, деловен состанок или интервју за работа, добро е пред тоа да вежбате половина час со умерен интензитет, така полесно ќе се справите со стресот и ќе го зголемите нивото на хормонот на среќа.
Попладневното и вечерно вежбање е добро доколклу сте склони на воспаление во мускулите и повреди, бидејќи во тоа време вашето тело е во најдобра форма и потешко е да се дојде до некои несакани последици.
Ако сакате да ги дефинирате вашите мускули, најдобриот ефект од вежбање врз нив е во вечерните часови, бидејќи нивното снабдување со кислород е тогаш најголемо.
Досега не се препорачуваше вежбање пред спиење, бидејќи постои можност дека ќе се разбудите, но всушност јогата и пилатесот се најдобриот лек против несоница.