Кога негативниот тест на корона може да биде лажен?

Големо влијание врз веродостојноста на резултатите од тестот, пренесува „Нова.рс“.
Веројатно сте слушнале за случаи кога луѓето биле тестирани на коронавирус, па прво добиле негативен резултат од тестот, за подоцна сепак да се покажат како позитивни. Како и зошто се случува оваа „грешка“?
Одговорот лежи во новата студија на универзитетот Џон Хопкинс – што укажува дека ако некое лице се тестира премногу рано на САРС-КоВ-2, вирус што предизвикува Ковид 19, резултатот од тестот може да биде негативен, иако лицето е всушност заразено.
Негативен тест, без оглед на тоа дали некое лице има симптоми или не, не е гаранција дека лицето не е заразено со вирусот. Начинот на кој го интерпретираме негативниот тест е многу важен, затоа што животот на луѓето го ставаме во опасност ако претпоставиме дека тестот е совршен. Бидејќи оние што не знаат дека се заразени, можат лесно да го шират вирусот понатаму, објаснува д-р Лорен Курцирка од „Џон Хопкинс“.


Таа потенцира дека пациентите за кои е познато дека се изложени на голем ризик од инфекција и кои веќе имаат симптоми, мора да бидат третирани како ковид – позитивни уште пред резултатите од тестот.
Еден од неколкуте начини да се процени присуството на инфекција САРС-КоВ-2 е метод наречен реакција на синџирот на полимераза на реверс транскриптаза, (РТ-ПЦР). Овие тестови брзо го откриваат генетскиот материјал на вирусот во организмот. Сепак, може да се случи појава што веќе се јавува кога луѓето се тестираат на други вируси, како што е грипот. Ако на брисот недостасуваат клетки заразени со вирус или ако нивото на вирусот е многу ниско на почетокот на инфекцијата, некои тестови на RT-PCR може да дадат негативни резултати.
Во својата студија, експерти од „Џон Хопкинс“ преиспитале 1.330 брисеви земени од хоспитализирани и изолирани пациенти. Користејќи ги резултатите од тестот, заедно со пријавено време на изложеност на вирусот или време на појава на симптоми како што се треска, кашлица и проблеми со дишењето, истражувачите ја пресметале веројатноста дека некој заразен имал негативен резултат на тестот.


Така, тие процениле дека оние кои биле тестирани на коронавирус во последните четири дена по инфекцијата, дури 67% веројатно би добиле негативен резултат од тестот, дури и ако го имаат вирусот. Кога просечен пациент почнал да покажува симптоми на вирусот, веројатноста за негативен тест беше 38%. Тестот се покажал најдобро кога пациентот бил тестиран осум дена откако бил заразен со вирусот, но дури и тогаш постои можност за 20% за лажно-негативен тест. Ова значи дека секое петто лице имало негативен резултат на тестот.
Ова јасно покажува дека тестот мора да биде дополнително унапреден, а истражувањето е посебно предупредување за лекарите и пациентите дека мора да претпостават дека се заразени и да се однесуваат соодветно, сè додека не се тестираат повеќе од еднаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.