Анемични сте, подложни на болести и имате срцеви проблеми? Време е да воведете козјо млеко во исхраната.
Нутриционистите тврдат дека поттикнува подобро и побрзо искористување на железото во крвта и го обновува хемоглобинот, па затоа им се препорачува на лицата кои боледуваат од анемија. Освен тоа, иако е помасно од кравјото бидејќи содржи 4,4 отсто млечни масти, козјото млеко многу полесно се вари.
Богато е со протеини, витамини од групата Б, минерали и калциум. Козјото млеко се користи уште од античко време, не само како храна, туку и како средство за лекување на многу болести. Иако по својот хемиски состав и карактеристики е слично на кравјото, козјото млеко значително се разликува од него во однос на составот на масти. Имено, мастите во козјото млеко се состојат од поситни капки, поради што ензимите во органите за варење многу побрзо ги разградуваат. Козјото млеко целосно се вари за само 40 минути, додека за кравјото млеко се потребни два и пол часа.
Доволна е една чаша дневно
Дневните потреби на организмот се задоволуваат само со една чаша од два децилитри. Младото сирење или млекото се најкорисни за организмот бидејќи содржат околу 10 отсто масти. Козјото млеко е добро за регенерација на црниот дроб, особено кога станува збор за замастен црн дроб, а одлично е и за оние кои страдаат од цироза, воспаление на црниот дроб или имаат инфекција со мононуклеоза. Докажано е дека во овие случаи козјата сурутка има извонредно дејство на заболените делови на црниот дроб.
Одлично за деца и болни лица
Истовремено, како што покажале истражувањата, подобрата сварливост и изразената киселост се карактеристики што го прават козјото млеко различно од сите други видови млеко. Затоа се препорачува за деца и болни лица. Кај децата кои се хранат со козјо млеко наместо со кравјо, евидентиран е побрз раст, поголема телесна маса и подобра структура на коските. Козјото млеко низ историјата се препорачувало како лек за зајакнување на имунитетот и белите дробови, било едно од основните алатки во борбата против туберкулозата, а современите лекари сè почесто го препишуваат како одличен сојузник во борбата против стресот бидејќи содржи витамини Б1, Б2, Б6 и Б12, кои позитивно влијаат на зајакнување на нервниот систем.
Многу протеини и малку лактоза
- Една шолја козјо млеко обезбедува дури 18 отсто од дневните потреби за протеини кај децата, додека една шолја кравјо млеко обезбедува само 13 отсто.
- Козјото млеко исто така содржи помалку лактоза или млечен шеќер од кравјото млеко, што му дава предност кај луѓето кои не поднесуваат лактоза.
- Ова млеко содржи 13 отсто повеќе калциум, 25 отсто повеќе витамин Б6, витамин А, 134 отсто калиум, 3 пати повеќе ниацин и дури 4 пати повеќе бакар од кравјото млеко.