Кои грешки на родителите им ја отежнуваат работата на воспитувачите во градинка?

Воопшто не е лесно да оставиш дете во градинка, особено кога ти се залепило за раката или ногата. Сепак, брзиот начин на живот налага детето да оди во градинка, а освен тоа, ова е одличен начин за социјализација на детето.
„Вработените во градинките се грижат за вашите деца и добро ги познаваат. Некои деца поради различни околности поминуваат повеќе време овде отколку дома“, нагласува Шерон Бирч, воспитувачка и сопственичка на градинка. „Персоналот секогаш ќе биде тука за да помогне и да советува. Затоа сме тука“, објасни таа.
Воспитувачите се тука да помогнат, но има некои работи кои им ја отежнуваат работата и кои родителите треба да ги знаат.
Го носите детето во пижами
Иако воспитувачите се свесни дека ви се брза наутро, тоа не е добра навика и не влијае добро на самодовербата на детето, нагласи Шерон. Таа тогаш советува дека и родителите и децата треба да најдат добра форма на организација.
Заборавате да понесете дополнителна облека
Родителите секогаш треба да пакуваат дополнителна облека, исто како што носат марамчиња, млеко, пелени. „Во градинка децата се валкаат, уживаат во боите, калта, песокот, истураат вода… речиси е сигурно дека ќе се извалкаат“, објаснува Шерон и додава дека родителите не забораваат да понесат цуцла, ќебиња или што и да е што го смирува малото дете.
Одолговлекување на разделбата


Ова најмногу им пречи на воспитувачите.
„Стравот од разделба е нормален дел од развојот на детето. Сепак, одолговлекувањето не помага“, објасни таа. Таа ве советува да го подготвите детето дека ќе остане со пријателите, дека го чекаат некои многу забавни активности и секогаш да го потсетувате дека ќе се вратите по нив.
„Бидете позитивни, насмевнете се и разговарајте убаво со детето. Предолгото разделување нема да помогне“, советувала Шерон.
Озборувате со другите родители
На некои родители ова многу им се допаѓа, но не! Ако сакате да им кажете нешто на луѓето во градинка, вратата е отворена.
Се прикрадувате додека детето не гледа
И ова не е убаво.
„Детето ќе се запраша дали неговиот родител е сѐ уште таму, и кога ќе сфати дека си заминал, ќе помисли дека е оставено“, објасни таа. Веднаш ќе се исплаши ако забележи дека не сте се поздравиле со него.
Не ја проверувате торбата на детето
Воспитувачите понекогаш забележуваат дека не сте ја исчистиле торбата на детето, така што во неа има валкана облека и работи од претходниот ден.
Не му кажувате на воспитувачот дека детето е болно
Секогаш е важно ова да им се каже на воспитувачите, или поради другите деца или поради давање на потребните лекови на детето.
„Разбираме дека имате обврски, но важно е да нѐ известите за ова. Ако детето е многу болно, секогаш е подобро да остане дома“, вели Шерон.


Не кажувате кој ќе дојде по детето
Ако не дојдеш по детето, кажи ни кој ќе дојде. Постои можност воспитувачката заради безбедност да не го пушти детето да оди со друг, бидејќи тоа не сте го нагласиле.
Го поткупувате детето
Знаете дека вашето дете веднаш ќе ве послуша кога ќе му дадете слатки или некој друг вид поткуп. Сепак, ова не е добро, бидејќи тогаш нема да појадува што треба во градинка. Исто така, постои можност да сака ваков вид поткуп од воспитувачката, па да не биде послушно.
Доцните
Сите понекогаш ни се случува да тргнеме подоцна, но Шерон вели дека ова не е во ред.
„Доколку имаме планирана активност, очекуваме детето да биде присутно од самиот почеток. Ако доцните кога доаѓате да го земете, детето ќе се исплаши, ќе мисли дека е оставено, а сигурно не го сакате тоа“, советува Шерон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.