Кои се здравствените придобивки од ликопенот и каде може да се најде?

Претпоставуваме дека многумина од вас слушнале за ликопен, но дали сте запознаени со фактот дека оваа состојка е богата со антиоксиданси? Во продолжение прочитајте за нејзините здравствени придобивки.
Кои се здравствените придобивки од ликопенот и каде може да се најде?
Ликопенот е каротеноид и најмногу се содржи во доматите, но и во другите црвени зеленчуци и овошја. Како и сите други каротеноиди, ликопенот е моќен фитонутриент богат со антиинфламаторни својства.
Богат со антиоксидантни својства
Ликопенот е еден од најмоќните антиоксиданси од растително потекло. Помага при одржување на клеточната еластичност и долговечност преку чистење на слободните радикали. Од друга страна, антиоксидансите помагаат во балансирање на активноста на оксидативниот стрес при што создаваат клеточна хармонија во телото.
Ја подобрува работата на срцето
Клиничките истражувања покажале дека внесувањето ликопен во организмот (најчесто преку домати) поволно влијае врз работата на срцето. Ликопенот исто така придонесува за здрав крвен притисок.
Поволно влијае врз кожата
Ликопенот и бета – каротинот се главните каротеноиди кои можат да ги намалат фините линии и брчките. Токму затоа овие состојки се дел од производите за нега на кожата. Ликопенот исто така може да обезбеди минимална заштита на кожата од изложување на сонце.
Го подобрува очното здравје
Како што веќе споменавме, ликопенот содржи антиоксидантни својста кои придонесуваат и за подобрување на функцијата на очите.
Ја нормализира функцијата на мозокот
Истражувањата покажале дека ликопенот и другите каротеноиди играат важна улога во одржувањето на здравјето на мозокот како и неврозаштитата. Тоа се должи пред сè на антиоксидансите кои се наоѓаат во ликопенот и нивната способност да го намалат оксидативниот стрес во мозочното ткиво.
Го подобрува здравјето на коските
Покрај витаминот Д и калциумот, и ликопенот исто така игра важна улога во одржувањето на здравјето на коските. Нутриционистичките истражувања покажале дека исхраната богата со овошје и зеленчук, особено производите богати со антиоксиданси, има позитивен ефект врз минералниот состав на коските.
За крај, важно е да се спомене дека нема несакани ефекти од консумирањето ликопен. Но, поради неговите својства да се сврзува со одредени лекови, сепак подобро е да се консултирате со вашиот лекар за тоа дали да го вклучите во вашата секојдневна исхрана или не.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.