Состојки
2 јајца
2 лажици мед
2 лажици шеќер
100 гр маргарин
1 чаша (180мл) јогурт
1 пакетче прашок за печење
12-13 лажици брашно
6 лажици кокос
Изматете го маргаринот со медот и шеќерот, па додадете ги јајцата едно по едно.
Потоа со намалена брзина на миксерот додадете ги постепено и останатите состојки освен чоколадото.
Печете во загреана крофнарка и печените крофнички макајте ги во стопеното бело чоколадо.
Украсете по желба. Предлог од мене за поефектен вкус, да наросите кокос врз чоколадната глазура.