Потребни ви се само 3 лесно достапни и евтини состојки за да ги направите овие колачиња и да се заштитите во сезоната на вируси и настинки.
Консумирајте по барем едно секој ден и ќе бидете дополнително заштитени во студената сезона.
Потребни состојки за овие кекси кои го чуваат здравјето:
1 лажица мајчина душичка во прав
3 лажици брашно
Малку млака вода
Подготовка:
Помешајте го брашното со мајчина душичка, па додајте малку млака вода додека не се оформи тесто.
Обликувајте ги колачињата по своја желба и печете 10-12 минути на 180 степени.
По желба, може да ја намалите или зголемите количината на состојките, но размерот мора да остане ист.
Колачињата може и да ви помогнат доколку сте веќе настинати или болни, со оглед на тоа што мајчината душица е добро познат стар и природен лек.
Консумирајте ги минимум 10-тина дена.