Наместо да купувате бисквити од продавница, можете да си направите сами дома и да додадете цимет и чоколадо
СОСТОЈКИ:
Три+ една четвртина чаши брашно
една лажица цимет
една лажичка прашок за пециво
чаша+една третина путер
чаша+ една четвртина чаша шеќер
чаша кафеав шеќер
две јајца
две лажички ванила
300 гр сечкана чоколада
ПОДГОТОВКА:
Измешајте брашно, цимет, прашок за пециво и малку сол. Изматете го путерот со двата вида шеќер додека не се запени, а потоа додадете ги јајцата едно по едно и измешајте.
Промешајте ја ванилата, соединете ја со смесата од брашно и цимет и додадете ја сечканата чоколада. Сѐ убаво измешајте, на плех обложен со хартија за печење формирајте колачиња и печете во рерна на 180 степени десетина минути.