Инките биле големи љубители на чилито и чоколадото, па дури и сега во модерното време можете да најдете чоколадни колачиња со сочна текстура и чили кој задоволува со својот вкус.
Колачиња со чоколадо и чили
Потребни состојки:
200 г путер
170 г кафеав шеќер
115 г рицинов шеќер
2 јајца
300 г брашно
60 г какао
1 лажичка цимет
½ или 1 лажичка чили во прав (по вкус)
½ сол
100 г темно чили чоколадо (сечкано)
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Наредете 4 парчиња хартија за печење.
Ставете го путерот и шеќерот во еден голем сад и разбијте со миксер. Матете околу 5 минути.
Додајте ги јајцата едно по друго. Матете со миксерот после додавањето на секое јајце.
Додадете го брашното, какаото, циметот, солта и чилито во прав. Мешајте додека не се формира густо тесто.
Додадете го сечканото чоколадо и добро измешајте. Со помош на лажица направете топчиња и поставете ги на хартијата за печење и оставете празно место меѓу секое топче. Користете влажна лажица за да го израмните врвот на колачињата.
Печете за 12-14 минути или се додека колачињата не станат цврсти на краевите, а во средината треба да останат малку меки. Извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.