Денеска ви претставуваме рецепт кој ќе ви го врати расположението во овие тмурни денови.
Потребни состојки:
За кората:
– 220 гр. брашно
– 35 гр. пченкарен скроб
– 100 гр. гранулиран шеќер
– 1/4 лажиче сол
– 230 гр. несолен путер
За филот од лимон:
– 300 гр. гранулиран шеќер
– 1/4 шолја брашно (32 гр.)
– 4 јајца (собна температура)
– 1/2 шолја свеж сок од лимон (120 мл.)
Дополнително:
– шеќер во прав
Начин на припрема:
Подготовка на кората:
1. Загрејте ја рерната на 170 Целзиусови степени, а тавата обложете ја со хартија за печење.
2. Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и пченкарниот скроб.
3. Додајте го путерот и со раце соединете ги состојките.
4. Ставете ја смесата во тавата, добро пристигнете ја и печете околу 20 минути на 170 Целзиусови степени.
Подготовка на филот:
1. Во еден сад измешајте го брашното и гранулираниот шеќер, а потоа додајте ги јајцата и сокот од лимон.
2. Извадете ја речиси испечената кора и прелијте ја со филот.
3. Вратете ја тавата во рерна и печете околу 15-20 минути додека не фати кора на површината.
4. Оставете го колачот на собна температура да се излади, а потоа ставете го во фрижидер да се зацврсти.
5. Можете да го декорирате со шеќер во прав.