ЗА ПАНДИШПАН
5 јајца
150 г шеќер
150 г брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
ЗА КРЕМ
1 литар млеко
100 г шеќер
4 пудинга од ванила
250 г маргарин
200 г шеќер во прав
500 г кајсии од компот
100 мл течност од компот
Јајцата измате ги со шеќерот. Додадете ги брашното, ванилиниот шќер и прашокот за печиво. Измешајте и нанесете ја смесата во тава за печење обложена со хартија. Печете 20 минути на 200 степени.
Од млекото, пудингот и шеќерот сварете пудинг и изладете го. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете го пудингот и изматете го кремот.
Пандишпанот попрскајте го со течноста од компот. Нанесете го кремот и наредете ги половинките кајсии од компот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.