Направете многу брз колач со јаболки од калап за куглоф.
СОСТОЈКИ:
4 јаболки
4 јајца
2 шолји шеќер
2 шолји сеено брашно
1 шолја масло
2 кесе прашок за пециво
1 кесе ванила
1 лажиче цимет
1 лажиче сода
ПОДГОТОВКА:
Се лупат и рендаат јаболките и се додава сода со цимет.
Се мешаат и се оставаат на страна.
Се матат јајца со миксер, се става шеќер, па масло кога шеќерот ќе се растопи.
Се става потоа брашното со прашок за пециво и ванила, се ставаат лупени и рендани јаболки исцедени од сеокот и се мати со миксер.
Се става малку масло во калап за куглоф и се става смесата.
Се пече на загреана рерна на 180 степени 40 минути без вентилатор, а горе ставете си декорација по избор.