Колку време треба да вежбате дневно ако имате седечка работа?

Седењето по неколку часа секој ден не е добро за нашето здравје. Но, колку вежбање е потребно за да се сузбијат негативните последици од седењето цел ден?

Околу 30 до 40 минути вежбање дневно би требало да бидат доволни, покажуваат истражувањата. Имено, до 40 минути умерена до интензивна физичка активност секој ден е вистинската количина за 10 часа седење, пишува ScienceAlert.
Во истражувањето учествувале 44.370 луѓе од повеќе земји. Резултатите покажаа дека ризикот од смрт кај луѓето кои седат се зголемува колку помалку вежбаат.

Затоа, активностите како што се пешачење, возење велосипед, танцување, јога, па дури и градинарство и домашни работи можат да го намалат ризикот од рана смрт.
Експертите истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди колку минути вежбање е најдобро за одредени возрасни групи и типови на тело, но дефинитивно се препорачуваат 40 минути доколку седите многу секој ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.