Можеби не сте знаеле дека и додека спиете согорувате калории, но научно е докажано дека слабеете и додека спиете. Согорувањето калории во тој период е минимално – околу 40 до 55 калории на час, но има и неколку фактори кои влијаат на таа бројка, вклучувајќи ја и вашата тежина, пишува Men’s Health.
Спиењето не е HIIT тренинг, но може да ви помогне да согорите уште околу 100 калории ако спиете 7 до 9 часа.
Што е клучно за бројот на калории кои се согоруваат додека спиете?
Дали сте слушнале за брзина на метаболизмот во мирување? Тоа е бројот на калории кои се согоруваат додека спиете т.е минимална енергија која е потребна за есенцијални физиолошки функции кои ве одржуваат во живот.
Спиењето влијае на тежината на повеќе начини
Има и други важни начини на кои сонот влијае на вашата тежина. Кога станува збор за одржување на телесната тежина, важен е квалитетот на сонот и колку време спиете.
Недостатокот на сон го уништува хормонот на глад, а притоа ја зголемува количината на грелин кој го зголемува апетитот и го намалува лептинот кој го намалува апетитот.
Со други зборови, ќе јадете повеќе. По само една непрoспиена ноќ ќе ви се јаде храна богата со калории и масти. Спиењето влијае и на други хормони кои ја регулираат тежината. Недостатокот на сон може да резултира со нерамнотежа на инсулин и глукоза, на кортизол и на хормонот на тироидната жлезда.
Добриот одмор е клучен за сите физиолошки функции, а неговиот недостаток може да биде штетен. Доколку тренирате, а не спиете добро, ќе бидете уморни во текот на денот.
Медитирајте во текот на денот, не гледајте телевизија пред да заминете во кревет и спијте во студена соба.