Мандарините се богати со витамини, препознатливи се по пријатниот мирис и вкус, но како и со се друго во животот, мора да бидеме умерени со нив и да се придружуваме на препорачаната дневна доза.
Богати се со витамин Ц кој е клучен за имунитетот на телото и во борбата против сезонски болести. Затоа мандарините треба да бидат неизоставен дел од зимската исхрана. Освен витамин Ц, содржат и витамини од Б групата, но и калциум, магнезиум, цинк и калиум. Тие исто така ги стимулираат функциите на мозокот и придонесуваат за подобра меморија.
Препорачаната дневна доза е седум мандарини. Консумирањето повеќе од 7 мандарини може да влијае на зголемено ниво на шеќер во крвта, а преголемото ниво на фруктоза може да доведе до вишок килограми.
Мандарините, исто како и другото цитрусно овошје, содржи доста оксалати па не се препорачуваа на луѓе склони на камен во бубрези и слично.