Колку сон му треба на вашето дете?

Секој родител е пресреќен кога детето ќе заспие и ќе спие мирно. Меѓутоа, кога работите не одат според планот, времето за спиење може да ви предизвикува стрес.
Правилната рутина за спиење може да му помогне на детето да спие мирно и без проблеми.
Колку време треба да спие детето во зависност од возраста?
Бебе од 6 месеци
Бебето од 6 месеци треба да спие три пати дневно. Два часа откако ќе се разбудат, се препорачува да спијат еден и пол час. Потоа, треба да спијат уште еднаш во текот на денот и последната дремка треба да им биде попладне околу 17 часот.
12 месеци
Во овој период треба да спијат два пати дневно. Првата дремка треба им биде три часа откако се разбудиле и да спијат само половина час. Втората дремка треба да им биде 2 до 3 часа од второто будење, потоа треба да бидат будни до крајот на денот.
Дете од 18 месеци
Дете од 18 месеци треба да спие еднаш во текот на денот околу 1 до 2 часа, најдобро е после ручекот.
Од 2 до 3 години
Во овој период најдобро е децата да спијат по ручекот, но сите деца се различни па ќе дознаете кое е најдоброто време што му одговара.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.