ТРАМП Е ВО НЕВОЉА: Комисијата за истрагата околу 6 јануари ќе објави извештај што поткрепува подигање обвиненија

Избраната комисија на Претставничкиот дом која ги истражува настаните околу нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година, денеска треба да го објави заклучниот извештај во кој се собрани и презентирани сите документи и сведовштва за нападот. Врз основа на овој документ избраната комисија препорача Министерстото за правда да подигне обвиненија против поранешниот претседател Доналд Трамп.

Текстот на извештајот, тежок 1.000 страници, ќе биде објавен на Интернет. Извештајот е резултат на истрага во која пред комисијата составена од конгресмени продефилираа 1.200 лица со искази и итервјуа дадени изминатите 18 месеци, како и искази дадени пред службени федерални судови и судови на сојузните држави.

Во извештајот се набројуваат 17 конкретни заклучоци изведени како резултат на извршените истраги. Комисијата во понеделникот на својата заклучна седница која се емитуваше во живо, препорача јавното обвинителство да покрене обвиненија против Трамп, а во одос на четири злосторства: попречување на официјална процедура во Конгресот, заговор со цел измами во однос на федералната влада, заговор за давање лажни изјави и вооружен бунт.

-Наместо да ја исполни својата уставната обврска „безгрижно и совесно исполнување на законите“, наместо тоа, претседателот Трамп имаше на ум да ги укине резултатите од изборите, се вели во веќе објавеното резиме на извештајот од 160 страници.

Ова е прв случај во историјата на САД кога членови на Конгресот, кои не се само демократи туку и повеќе републиканци, препорачуваат подигнување обвиненија против поранешен претседател на САД, републиканец.

Трамп коментира дека овие истраги се политички мотивирани. Изјави дека секој судски прогон против него ќе значи дека нему двапати досега му предјавиле обвиненија неосновано. Тој се повикува на тоа што лани нему му беше објавен импичмент по втор пат, но дека потоа Сенатот го иззеде од тогашните обвиненија.

Сведоци од претходната админстрација кои сведочеа во полза на Трамп, дека тој не бил сериозен во намерите и верувал дека е победен од неговоит соперник  Џо Бајден.

Претставничкиот дом води и втора истрага против Трамп, а во однос на објавување на негови, делумно редактирани, даночни декларации за период  2015-2021 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.