Конечно среќна: Грашо го скрши нејзиното срце, а Данијела сега ужива со инспекторот кој ја освои

Пејачката Данијела Мартиновиќ (51) не зборува премногу за љубовта со инспекторот Јосип Плавиќ (49), но не крие колку е заљубена и среќна.

Таа сега проговори за нивната романса.
-Јосип и јас сме повеќе од убава двојка. Но, кога станува збор за мојот приватен живот, не сум многу добра во разговорот, но навистина сум исклучително среќна. Јосип е моето пристаниште, кратко изјави пејачката.
Инаку, Данијела со години беше во врска со колегата Петр Грашо, кој кога раскина започна врска со Хана Хуљиќ со која ја доби ќерката Алба.

Данијела го запознала Јосип пред една година кога пејачката преку Интернет поднела пријава за кражба на идентитет.
-Случајот брзо беше решен, а потоа почна да се развива нашата приказна. Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Кога се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, дури и некои соништа, изјави неодамна Данијела за хрватска Глорија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.