Конте ја доби наградата „Златна клупа“

Loading...

Тренерот на Јувентус, Антонио Конте ја доби наградата „Златна клупа“ за најдобар тренер во Серија А, во минатата сезона.Во традиционалниот избор учествуваат сите тренери во Серија А и Серија Б, Конте признанието го заслужи бидејќи без пораз, со Јувентус стигна до шампионската титула.Наградата за најдобар тренер во Серија Б ја доби Зденек Земан, кој со Пескара избори пласман во Серија А.„Горд сум што ја добив оваа награда, оваа е вистински мелем за мене по сите казни и суспензии кои ги добив во тековната сезона. Им благодарам на сите кои ми ја дадоа довербата. За наградата најзаслужни се играчите кои ги тренирам“, рекол Конте.Јувентус со Конте на клупата и оваа сезона е лидер во првенството, ’старата дама’ има четири бодови повеќе од Наполи.
МакфаксТренерот на Јувентус, Антонио Конте ја доби наградата „Златна клупа“ за најдобар тренер во Серија А,

loading...