Семките од лен содржат витамин Е и Б, калциум, калиум, цинк, фосфор, селен и магнезиум. Најважната состојка на ленот е фитохемикалијата лигнан за која е докажано дека има антиоксидативни својства.
Низа позитивни ефекти врз здравјето
За лигнанот се смета дека има својство на превенција на карцином. Со внесот на ленено семе се намалува ризикот од појава на рак на дебелото црево, се намалува нивото на глукоза и холестерол во крвта и се подобрува дигестијата.
Лененото семе се покажало корисно при ублажување на кожните проблеми како псоријаза, акни и егзема. Една лажичка ленено семе дневно помага при намалување на високиот крвен притисок, а алфалиноленската киселина ја намалува опасноста од појава на срцеви болести, подобрувајќи ја функцијата и интегритетот на артериите.
Како ленот помага при слабеењето?
Во структурата на лененото семе се наоѓаат растворливи и нерастворливи материи кои се благотворни за општото здравје, дигестијата, чистењето на цревата, но и за одржување на оптималната телесна тежина.
Се смета дека ленот содржи повеќе влакна од која било друга билка. Токму поради ваквата структура, лененото семе им се препорачува на луѓето кои сакаат на природен начин да се ослободат од вишокот килограми. Ленот исто така го намалува чувството на глад и дава чувство на ситост.
Најдобар начин за употреба на ленот
Доколку сакате да го елиминирате вишокот килограми, потребно е во попладневните часови да консумирате една супена лажичка мелен лен, помешан со 2 децилитри сок или немасен јогурт. Ваквиот оброк долго ќе ве држи сити, нема да чувствувате глад и нема да чувствувате надуеност во стомакот.
Постои и друг начин – додадете 2 супени лажички мелено ленено семе во супа, вариво, природен овошен сок, јогурт или кефир. Вака приготвениот оброк можат да го консумираат лица од секое старосно доба, од деца до стари лица.