Корона пронајдена на пакување на увезена замрзната морска храна во Кина: Сите работници завршија во карантин

Кина денес објави дека нашла нов коронавирус  на пакувањето на увезени замрзнати морски плодови, доставено од пристаништето Далјен, која неодамна бележи нови случаи на инфекција.

 Вирусот е пронајден на надворешната амбалажа на замрзната храна купена од три компании од Јантаи, пристаништен град во провинцијата Шандонг, во источна Кина.

Градската администрација на Јантаи објави дека морска храна е во увезена пратка што била доставена до Далјен, но тие не ја откриле земјата на потеклото.

Властите ја запечатиле робата, соопштија градските власти. Сите работници кои биле во допир со заразената роба биле ставени во карантин, а нивните тестови за коронавирус биле негативни, се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.