За време на викендот, косовскиот премиер Албин Курти ја посети една од косовските компании што произведува беспилотни летала за воени и цивилни цели.
Според косовскиот премиер Албин Курти, основањето компании што работат на развој на беспилотни летала претставува иднината на одбранбената индустрија на Косово.
„Во Гњилане, заедно со градоначалникот Хисени, ги посетивме компаниите што развиваат воени дронови „Соко“ и цивилни дронови од „Академијата за иднината“ и МИГА СкајШилд МАР“, рече Курти.
Според косовскиот премиер, најперспективна платформа е камиказе дронот К1, кој има деклариран дострел од 1.000 километри.
Дронот камикази К1 наликува на концептот на иранскиот камикази дрон HESA Shahed 136, при што косовската верзија според декларираните спецификации достигнува максимална брзина од 180 километри на час со плафон на лет од 2.500 метри.
Покрај К1, беше прикажан и извидувачкиот дрон Ф22, чиј изглед е моделиран според американскиот борбен авион Ф-22 Раптор со дострел од 20 километри. Исто така, беа претставени и два модели на FPV дронови Скифтери 5 и Скифтери 10, кои можат да носат три килограми експлозив.
The post Косоварите претставија неколку видови дронови што ги произведуваат независно, косовскиот Шахед има дострел од 1.000 км (фото) appeared first on Во Центар.



