Косово аплицира за членство во Советот на Европа, Србија го свикува Советот за безбедност

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „пред пет минути“ добил официјална информација дека косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала поднела барање за членство во Советот на Европа, јави Танјуг.

Во таа насока, Вучиќ најави дека во петок попладне ќе се одржи состанок на Советот за национална безбедност на Србија.

„Со тоа Приштина покажа дека брутално го прекршила и газела договорот од Вашингтон, како што десет години го гази бриселскиот договор и резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“, рече тој.

„Ќе дадеме се од себе да покажеме дека можеме да се бориме, да ја заштитиме нашата земја. Менторите на Приштина се многу посилни, оваа игра ја играат клучните западни земји. Нема да попуштиме на уцени, тие ќе направат се за да можеме да препознаеме независноста на таканареченото Косово, но ние ќе ја заштитиме нашата земја“, рече Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.