Во периодот (1510–1514) на хрватскиот островот Хвар се случила Хварската буна против Венецијанската република. Револуционерните мотиви од овој настан се опеани (1908) во песната „Паѓај сило и неправдо“ (Padaj silo i nepravdo) која станува симбол на народниот отпор и на слободољубието. Затоа и многу често ја пееле партизаните во Втората светска војна. Во чест на семејните партизани: дедо ми Перо Панов (борец и комесар) и тетин ПЕТРЕ ПИРУЗЕ МАЈСКИ (првоборец, член на Президиумот на АСНОМ и прв повереник за правосудство на ДРМ) потестувам на стиховите од споменатата песна:
Паѓај сило и неправдо,
Ќе ти суди народот!
Бегајте од нас темнини,
Зазори и денот наш.
Правото ни одземено
Ваму назад дајте го!
Ако не, не ќе молиме,
Ќе го земе народот сам!
Градови ви подигнавме,
Ѕидој, кули градевме.
Од секогаш робје биле
И за вас работеле.
Неволја ќе е голема
По палати, крепости,
Видете ли од селата
Кај со вили идеме!…
Знаме ново ќе се вее
Високо над главите.
Работник, селанин в едно,
Исти труд и работа.