Рускиот суд минатиот месец ја одби нејзината жалба против деветгодишната казна за поседување дрога. „Бритни беше префрлена од притворскиот центар во Икша на 4 ноември. Таа сега е на пат кон казнената колонија. Немаме никакви информации за нејзината точна моментална локација или нејзината крајна дестинација“, се вели во соопштението на нејзиниот правен тим.
Прес-секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, изјави дека „секоја минута што Бритни Грајнер треба да ја издржи во незаконскиот притвор во Русија е предолга минута“.
Двократната освојувачка на златни олимписки медали беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром бидејќи во багажот имала масло од канабис, кое во Русија е забрането, а на 4 август беше осудена на девет години затвор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.