Оваа традиционална зимска храна е природен пробиотик, а особено се препорачува за оние кои пијат антимикробни лекови.
Киселата зелка помага и во варењето на масните оброци и го забрзува метаболизмот, што го поттикнува излачувањето на штетните материи од телото и го чисти и регенерира црниот дроб. Така ја чисти крвта, го забавува стареењето и ја зајакнува отпорноста на организмот.
Исто така, го промовира зараснувањето на раните, а е ефикасна и при ревматизам и воспаление на вените. Локално може да се користи за ублажување на чешањето на кожата поради различни алергиски реакции, а доколку ве боли главоболка, ставете лист од кисела зелка на челото и завиткајте го во газа.
Исто така, киселата зелка е извор на ниацин (витамин Б3), кој е неопходен за клеточната енергија, метаболизмот и размената на материи во мозокот.
Спречува чешање, го подигнува расположението
Нутриционистите особено ја препорачуваат киселата зелка на постарите луѓе, бидејќи освен за здравје, добра е и за подигнување на расположението. Затоа секој ден во зима треба да јадете салата од кисела зелка. Оваа храна содржи голема количина на витамин Ц, поради што е идеална во борбата против вирусите и инфекциите карактеристични за овој период од годината.
Меѓу придобивките од киселата зелка е тоа што го прави телото поотпорно на стрес, помага во создавање на црвени крвни зрнца, ја стимулира работата на клетките и делува подмладително, важна е за одржување на јачината на коските и придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткиво.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.