Кој тепал, а кој е тепаниот на Клиниката за кардиохиругија во Скопје?

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката за кардиохиругија денеска во 10 часот пристигнала пријава дека поранешниот директор на кардиохирургија, доктор Сашко Јовев вербално нападнал медицинска сестра и физички го нападнал актуелниот директор Марјан Шокаровски.

Кој тепал, а кој е тепаниот на Клиниката за кардиохиругија во Скопје?

Во соопштението, уште се наведува дека и тој самиот отишол во полициска станица и го пријавил случајот.

„Не е точно дека јас сум нападнал. Нападот е најдобра одбрана. Практично, јас пријавив вербален напад и само буткање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата. Тој што сум пријавил сум јас.

Се друго може да е монтажа, како и таа досега во последните неколку месеци. Јас лежам на кардиологија заради стрес. Инаку, сум жртва на секојдневен мобинг“, изјави карддиохирургот Јовев.

Со реакција излегоа и од министерството за здравство,

„Министерството за здравство ја имформира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата.

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите“, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Пред неколку месеци, актуелниот министер Фатмир Меџити го разреши доктор Јовев од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија, а на него место дојде доктор Марјан Шокаровски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.