Крекери со малку масти и без глутен

Потребни состојки:
145 г бадемово брашно
60 г кокосово брашно
2 лажици кокосов шеќер
1/2 лажица цимет
1/2 лажица прашок за печиво
3 лажици растопен путер
3-4 лажици вода (колку тестото да се соедини)
Начин на подготовка:
Во поголем сад истурете го брашното од бадем, кокосовото брашно, шеќерот од кокос, циметот и прашокот за печиво.


Направете дупка среде сувите состојки и истурете го путерот во неа. Промешајте за да ги соедините состојките.
Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер на еден час.
Загрејте ја рерната на 175 °C.
Ставете го тестото врз хартија за печење. Ако е малку лепливо, ставете друг лист хартија за печење над него.
Исукајте колку што е можно потенка кора, бидејќи тоа ќе ги направи крекерите покрцкави.
Исечете ја кората во форма на крекери и со виљушка или чепкалка за заби издупчете ја секоја од формите за да создадете изглед на крекер.
Наредете ги во плех врз хартија за печење и печете 20-25 минути додека не бидат златно кафеави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.