Кремасто задоволство : Чиз- кејк од кикиритки и чоколадо

За љубителите на путерот од кикиритки и чоколадата ова е совршено засладување.
Потребни состојки :
350 г мелени бисквити
125 г стопен путер
1 лажичка шеќер во прав
100 мл млеко
Фил:
400 г несолено крем сирење
200 г кисела павлака
200 г путер од кикиритки
150 г шеќер во прав
1 лажичка ванилин шеќер
400 мл слатка павлака- 2 кремфикс
70 г млечна чоколада
30 г црна чоколада
100 мл слатка павлака


Подготовка:
1.За кора измешајте ги сите состојки, ставете ја смесата во калап со дијаметар од 24 цм и ставете ја во фрижидер додека го припремате филот.
2. За фил со миксер изматете го крем- сирењето, киселата павлака, шеќерот , путерот од кикиритки и ванилата.
3. Потоа, додадете ја неизматената слатка павлака и кремфикс и матете уште малку да се се соедине и згусне.
4. Потоа, извадете ја кората од фрижидерот по неа распоредете го филот, а потоа вратете го во фрижидер да се излади и за тоа време пригответе го преливот. Доколку сакате, пред филот може да додадете и карамела на кората.
5. Истопете ја слатката павлака и чоколадата на средна температура, гответе и мешајте се додека не се истопат. Сега, ваквата смеса прелијте ја преку филот и вратете го во фрижидер на најмалку три сати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.