Крем колач

ЗА ПАНДИШПАН
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици мелени ореви
2 лажици брашно
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
400 мл млеко
4 јајца
8 лажици шеќер
4 лажици брашно
250 г маргарин
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги оревите, брашното и прашокот за печиво, и промешајте. Од смесата испечете пандишпан и ставете го на послужавник.
Сварете крем од млекото, шеќерот, жолчките од јајцата и брашното. Маргаринот изматете го со миксер, додадете го изладениот крем и повторно изматете.
Со филот премачкајте го пандишпанот и исечете го колачот на парчиња.
По желба можете да ги декорирате парчињата колач со изматен шлаг,  мелени ореви или чоколаден прелив.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.