Крем супа од печурки и зеленчук

Потребни состојки:
– 1 главица црвен кромид
– 3 чешниња лук
– 25 грама корен од целер
– 50 гр бел праз
– 1 морков
– 1 компир
– 800 мл вода
– 1 коцка за пилешка супа
– 150 гр брокула
– 150 гр карфиол
– 150 гр тиквички
– 50 гр грашок
– 70 гр печурки
– магдонос
Подготовка:
Во тава загрејте малку маслиновото масло, па пропржете го ситно сечканиот црвен кромид, лукот и коренот од целер.
Додадете ги празот и морковите исечени на кругови, компирот исечкан на коцки и динстајте додека зеленчукот не омекне.
Во тенџере ставете вода да врие и додадете ја коцката за пилешка супа. Варете 15 минути, а потоа додадете ги цветовите од брокулата и карфиолот, грашокот и тиквичките исечкани на коцки. Варете додека зеленчукот не омекне.
За декорација оставете неколку парчиња морков и една лажица грашок, а потоа со миксер или во блендер измешајте го зеленчукот во супата.
Во мала тава растопете го путерот, а потоа испржете ги исечените шампињони додека не поруменат. Одделете неколку парчиња за декорација, а остатокот измешајте го во супата. Варете ја супата уште една минута.
Готовата супа украсете ја со печурки, моркови и грашок и посипете со сечкан магдонос.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.