Зимата е одлична за топла и здрава супа. Доколку сте расположени да пробате нешто ново, еве рецепт за крем супа од тиква која можете да ја подготвите за половина час.
Потребни намирници:
400 грама тиква,
100 милилитри млеко,
еден кромид,
30 грама павлака,
путер, зачини според вкус
Испржете го кромидот на путер додека не добие златна боја. Потоа додајте нарендана тиква и зачини. Во литар вода ставете ги кромидот и тиквата и гответе околу 20 минути. Потоа се испасирајте користејќи блендер. Додајте топло млеко и повторно промешајте. Кога сервирате, додајте кисела павлака во супата.