Кривични за случаи во Гостивар-Лажни полицајци, закана со пиштол, напад врз мајка






МВР во денешниот билтен информира за неколку поднесени кривични пријави од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.

„Поднесена е кривична пријава против М.Л., на возраст од 30 години и Е.С., на возраст од 35 години, двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“, а второпријавениот и за кривично дело „соизвршителство“. На 01.02.2024, пријавените пресретнале две лица државјани на Република Турција, им се претставиле дека се полициски службеници, по што М.Л. извршил претрес над нив и од едното лице одзел пари, мобилен телефон и патна исправа.
Поднесена е кривична пријава против Ш.Р., на возраст од 70 години од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудије при тепачка или караница“. На 20.08.2023 во Гостивар, пријавениот со тврд предмет го нападнал К.Р., на возраст од 47 години од Гостивар, по што му се заканил со пиштол.
Поднесена е кривична пријава против М.Р., на возраст од 38 години, од гостиварско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“. На 23.01.2024 во семејната куќа, пријавениот физички ја нападнал неговата 63-годишна мајка и ѝ нанел повреди.“

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.