КРИСТАЛИ ЗА ПЛОДНOСТ И БРЕМЕНОСТ

Во следниов текст ќе имате прилика да прочитате и научите, кои кристали и како ја зголемуваат плодноста кај мажите и жените и секако помагањето при зачнување и бременост. Ова се исцелителни кристали кои произведуваат суптилно енергетско поле кое ја зголемува вашата виталност. 

Кристалотерапијата им е позната на луѓето повеќе од пет илјади години. Најстарите записи потекнуваат од Кина и Индија. Традиционалната медицина во тие земји и денеска ги користи кристалите. До денешни денови со кристалотерапијата ништо значајно не се променило.

trudnoca2

Исцелителните кристали и камења имаат сопствена фреквенција, која е основана на нивната молекуларна уреденост заедно со нивната хемиска структура. Секоја атомска структура вибрира на специфична фреквенција и оваа вибрација произведува многу суптилна исцелителна енергија. Оваа енергија е ослободена од исцелителните кристали или камења кои во зависност од нивниот уникатен начин на кои пулсираат во внатрешната кристалната структура. Науката добро знае дека човековото електромагнетно поле се менува кога кристалите или камењата (драгите или полудрагите) се во негова близина, непосредно до телото. На овој начин тие влијаат врз органите и така исцелувањето започнува.

За време на лечењето, исцелителните кристали или камења ја абсорбираат негативната енергија од телото и ја ослободуваат позитивната енергија, која што е абсорбирана за време на лекувањето, создавајќи притоа баланс на енергетското ниво.

Поради ова, многу е важно да се прочистат исцелителните кристали или камења пред терапевтската сесија.

crystal-healing-Modern-Day-Wise-Woman

crystalhealing

 

  • Чистење на Исцелителните Кристали и Камења

Кристалите и камењата можат да апсорбираат енергија и да постанат негативни или едноставно дисбалансни. Многу е важно да бидеме сигурни дека овие енергии се прочистени со цел да се пристапи само со сопствената фрекфенцијата на каменот која е присутна. Едноставно старите кристали и камења (непрочистените, користените) измијте ги со млаз на ладна вода неколку минути и визуелизирате дека целата друга енергетска трага се раствара. Не го мијте Тиркизот и Опалот бидејќи наглата промена на температурата може да го распука и скрши каменот.

  • Програмирање на Исцелителните Кристали и Камења за Лекување

Кога вие го програмирате каменот или исцелителниот кристал, вие со интенција (намерно) допуштате нов енергетски тек во кристалот. Новата енергија тече од вас во кристалот или каменот, правејќи го уникатно сопствен. Што да правите е многу едноставно, наполнето го кристалот или каменот да чува позитивна енергија (намера, намена) и интенција дека вие ќе го чувате и користите за ваша одредена цел или да ја засили уште повеќе и самата енергија која ја има самиот кристал или камен. На пример, доколку сакате да го програмирате вашиот исцелителен кристал или камен за лекување и плодност, за помош во зачнувањето како и безбедна бременост.

Вие може да го изберете и да полните вашиот камен со помош на визуиелизирањето на чистото универзално бело светло кое доаѓа од Универзумот кое влегува преку вашата крунска чакра лоцирана на темето ов вашата глава, течејќи надолу кон вашите раце и влева во исцелителните кристали и камења позитивна боженствена енергија. Како што ја визуелизрате оваа енергија која влегува во каменот замолете и благодарете му што ќе ја чува и негува фреквенцијата на исцелување, љубов и плодност.

Може да го кажете следново:

“Со Божја милост и на правилен начин јас го програмирам ова камче да го поврати балансот во мојот ум, тело и душа. Замолувам, донеси ми исцелителнот и плодност. Благодарам!”

 

  • Листа на Кристали и Камења за Плодност

 

  • Маховит Ахат

Овој камен ја отвара крунската и челната чакра (трето око) поврзувајќи го физичкото тело со спиритуалното. Помага во создавањето на внатрешниот мир и интуиција. Се користи да привлече просперитет, нови идеи и плодност.

  • Килибар

Овој камен има моќ да штити од негативности. Истотака го прочистува вашето енергетско поле и вашето физичко тело истовремено. Нежно ревитализира кога вашите енергетски складишта се осиромашени или кога се премногу стресни. Неговата жолтеникава боја го има афинитетот на соларниот плексус и ја отвара крунската чакра. Може да го носите како наќит околу вашиот врат за заштита и да ви донесе смирение.

  • Аметеист

Помеѓу сите исцелитени кристали, ова е дефинитивно мојот омилен поради неговата виолетова боја и транспарентност. Овој кристал може да се користи за стабилност и баланс на вашето енергетско поле и носи мир и сила. Може да помогне за надминување на патерните на негативното мислење (песимизам) ако се користи за време на медитацијата. Истотака ја зајакнува ендокрината жлезда и нервниот систем и го спречува менталниот замор. Доколу патите од инсомниа, сместете го аметеистот под вашата перница во ноќта за да ви го ублажи спиењето.

  • Авентурин

Ова камче го има во неколку бои (начесто зелена, но и црвена и плава). Зелениот Авентурин е камче на среќа и шанса. Кажано е дека ја зголемува перцепцијата и креативноста внатре и ги балансира емоциите. Тоа е камче на срцевата чакра и се знае дека е камче на возможностите и добрата среќа. Плавиот Авентурин носи храброст и оптимизам. Се употребува за смалување на негативната енергија и за ослободување на телесните токсини. Има моќ да потикне виталност, ментални сили и дава позитивен изглед.

  • Аквамарин

Ова е прекрасно светло сино исцелително кристалче кое го проширува и воздигнува духот и помага да имате чисти мисли. Го зајакнува само-изразувањето и само-почитувањето. Може да помогне во лечењето на физичките прашања поврзани со тироидеата, слезината, црниот дроб и бубрезите. Неговата активност е многу нежна.

  • Крвав-камен

Ова камче ја има способноста да ги неутрализира токсините во телото и да ја прочисти крвата и слезината. Може да помогне во пореметувањата на крвта како што е анемијата и крварењето во тешките менструации. Истотака го ревитализира телото и му помага на умот во носењето на одлуките, носејќи му и кретивност.

  • Карнеол

Ова е приземјувачки  и заштитен камен кој влијае на вашето расположени, ослободувајќи ја тагата, стравот или бесот. Ако го држите ова камче близу вас, може да добиете инспирација и креативност. Карнеолот е камен за репродукција и менструални проблеми бидејќи има афинитет врз јајниците и тестисите. Може да го носите во чеповите на вашите панталноти ако страдете од неплодност.

  • Целестин

Овој светло син камен е познат и како небесен камен, симбилизирајќи ја светата енергија на ангелите и небесните битија. Употребувајте го овој камен за време на исцелителна медитација со Ангелските лекари. Особено комуникацијата (молитвите) кон Архангел Габриел многу помага за жените кои сакаат да имаат здрав пород и плодност и безбедна бременост. Дава смирение и фокус за медитација. Во лечењето ја засилува функцијата на тироидната жлезда и го редуцира стресот.

  • Хризокол

Овој камен е многу привлечен. Има плавко-зеленни тонови и е во конекција со срцевата и грлената чакра. Има многу особини меѓу кои ослободувањето на стресот, ослободувањето на гневот, ја лечи тагата и носи внатрешна сила. Помага кај жените кои патат од менструални грчеви, ПМС, абортуси, инсулинска резистенција и тироиден дисбаланс.

  • Хрисопрас

Овој камен има способност да донесе баланс помеѓу машката и женската енергија, балансирајќи ги хормоните. Истотака промовира љубов за себеси и за другите. Во лечењето, можете да го употребите за засилување на плодноста, превенција на крварењето, пород на детенце и баланс на жлездениот систем. Лечи трауми како сексуално злоставување бидејќи носи храброст и го ослободува внатрешниот страв.

  • Цитрин

Овој камен привлекува изобилство во вашиот живот, во форма на заработка, партнерство и секако за создавање на вашето семејство и негова благосостојба. Го детоксифицира телото, го чисти умот од конфликтни мисли и образи.

  • Флурит

Овој камен е корисен за носењето на стабилност на умот и емоциите. Помага во превенцијата на оштетената ДНК, прочистува и лечи, и асистира кај слабиот имунолошки систем за време на инфекции како херпесите, треските, стрептококата, стафилококата итн..

  • Гарнет

Црвениот Гарнет има силна вибрациска конекција со коренската чакра лоцирана во коренот или основата на кичмата. Ја влече енергијата од мајката Земја, ги отргува негативностите, силно ја зголемува плодноста (машката и женската) и го пронаѓа компитабилиот партнер. Се користи за зачнување, љубов, среќа, сексуалност, обнова, менструација и раѓање.

  • Хематит

Ова црно камче (со метални преливи) е поврзано со коренската чакра. Кај жените се употребува за заземјување, смирение, релаксација, превенција или контрола на крварењето, мускулни грчеви, раѓање на деца, анемиа, крвна циркулација, нервни нарушувања итн..Може да се носи како алка или нараквица да ја засили храброста и да донесе енергија кога се соочуваме со тешки предизвици. Ја неутрализира негативната (ниско фрекфентната енергија) во вашата околина.

  • Жад

Жадот помога за баланс на негативните емотивни состојби, особено ако сте многу осетливи. Одличен е за анксиозност и носи комоција во срцето. Жадот се употребува во лекувањето за да донесе енергија на безусловна љубов и мир. Во лекувањето на неплодноста, може да се смести кај срцето за да помогне на вашите емоции доколку чуствувате дека сте постанале анкциозни.

  • Лапис Лазули

Ова камче е конектирано со грлената чакра и е познато како се-лекувачи камен бидејќи ја има способноста да ги балансира сите чакри и да ја прочисти аурата или енергетското поле кое го опкружува нашето физичко тело.

  • Малахит

Ова зелено камче е познато како стимулатор на срцевата и грлената чакра допуштајќи длабоките чуства на повреда да бидат ослободени. Многу помага да се скршат непожелните патерни на однесувањето. Помага да се постават и постигнат нашите цели. Помага кај менструалните нерегуларности, раѓање на деца, хипогликемија и имунолошки нарушувања.

  • Месечев камен

Позната дека променливото светло на месечината е рефлектирано во мекиот сјај на овој камен. Месечевиот камен е асоциран со женската енргија и носи баланс за време на менструалниот циклус и го синхронизира со месечината. Балансира хормони.

  • Зелен Турмалин

Ги подредува чакрите, ја балансира женската и машката енергија. Одличен лечач за речиси секоја болест. Носи љубов и креативност и ги елиминира стравовите и негативните емоции.

  • Лубенца Турмалин

Ова камче ги лечи емоционалните трауми од минатото. Носи лечебност на клеточно ниво. Се употребува за баланс на метаболизмот, ендокриниот систем, и емоциите.

  • Тиркиз

Ова сино камче носи храброст во вашето срце и ја зајакнува вашата способност за ефикасна комуникација со другите. Се користи во лечењето на целото тело и особено грлото, плуќата и го зајакннува имуниот систем. Помага да комуницирате за вашите потреби, стравови или желби.

  • Обсидијан

Ова црно камче штити од негативност. Снежниот обсидијан е многу интересен. Ова камче има силен машки афинитет. Делува на енергиите од ниските чакри особено на коренската. Приземјува и помога во акција да се соочите со стравот, ако треба да правите нешто важно.

  • Опал

Овој камен е член од фамилијата на кварцови и е направен од силикон диоксид и вода. Делува моќно на првата и втората чакра за ослободување на ПМС, менструална болка, ендометриоза и неплодност. Овој камен дозволува да се ослободи тензијата, која што го кочи природниот тек на енергијата во оваа регија. Може да се користи и на третото око и крунската чакра за потпомагањето на интуитивната свеснот и да го енергизира целото тело.

  • Розев Кврац

Ова розево љубовно камче е поврзано со срцето и мајчината љубов. Балансира, регенрира, помага за депресија и ги ослободува длабоките емоционални повреди и ја отвара срцевата чакра промовирајќи ја љубовта кон себе и простувањето. Во лечењето е корисен за подршка на адреналната жлезда, хипертензија, стрес и тензија. Помага и за работа со децата.

  • Бел Кварц

Овој е најчесто употребуван помеѓу исцелителните кристали. Помага за фокус и ја појачува физичката, менталната и емотивната енергија. Се користи и за чистење на другите камчиња и за прочистување на околината од негативните енергии. Носи заштита ако го положиме на одредени точки на нашето тело каде што ни е потребна енергизација.

  • Димен Кварц

Овој кристал се употребува за приземјување. Работи како сидро. Има густа енергија која помага ако се чуствуваме расејано или немаме фокус. Засилува и штити од негативни енергии. Обично се поставува во коренот на кичмата за да го помогне приземјувањето и за градењето на сексуалната виталност. Штити од електромагнетни радијации.

  • Тигрово Око

Овој прекрасен златно-кафен камен е поврзан со соларниот плексус и помага во манифестирањето на идеите и соновите. Носи смирение, баланс, оптимизам, богатство и штит од енергетски напади. Истотака ги балансира енергиите на репродуктивните органи помага за плодност и зачнување.

17.-jenskaya-slavyanskaya-gimnastika-charivnyc

Извор: КРИСТАЛИ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.