Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето?

Се уште е свеж скандалот со фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин е веќе пукна нов скандал.

Погледнете ја оваа фотографија.

Христијан Мицкоски седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога.

Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко обљубил малолетничка!
Во средата околу 15.20 часот, маж на возраст од 54 години од Неготино, во полициската станица пријавил дека неговиот татко извршил обљуба врз малолетничка. Според пријавата во …
Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар во …

Акцијата на полицијата е од 3-ти декември а токму со возилото на лицето од Грчец со кое седи Мицкоски на иста маса била превезувана дрогата вредна 120.000 евра.

Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето?

Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски.

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин.

Радикали и извршители на грозни злосторства како Палевски, ете тоа се луѓето кои се блиски до ДПМНЕ и Мицкоки.

А Мицкоски се среќавал со Палевски. И молчи со денови за тоа што разговарале .

Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е.

Прашање е дали Мицкоски е претседател на политичка партија или на некоја подземна организација?

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.