Кулинарски трик со кој ќе ги задржите сите ароми и сокови

Ако сте љубители на пилешкото и мисиркиното месо, сигурни сме дека ќе бидете воодушевени од овој трик кој го користат готвачите за да добијат најубав вкус на месото, кое во текот на печењето ја задржува целата арома и мирис.
Месото може да се пече на разни начини, а еден од најдобрите, како што пишува “Pop Sugar”, е припремата со помош на фолија.

Кога пилешкото месо се пече во рерна, на овој начин врелиот воздух кружи околу месото, па затоа и побрзо ќе се испече. Најдобро од се’ е тоа што ваквиот трик спречува сушење на пилешкото месо кое ќе остане меко и ќе ги задржи сите сокови. Воедно, кората ќе добие прекрасна златножолта нијанса.
Што е потребно да направите?
1. Исечете дел од фолијата, свиткајте ја во облик на туба, а потоа и во круг. Ставете ја фолијата во тава за печење, а потоа посипете малку масло врз неа.
2. Поставете го пилешкото врз фолијата и печете додека не зарумени.
Како треба да изгледа фолијата, можете да погледнете на фотографијата во продолжение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.