Псоријазата е автоимуна болест кога го предизвика имунолошкиот систем да произведува повеќе клетки на кожата. За луѓето кои страдаат од оваа болест, црвените и лушпести петна се честа појава.
Според некои истражувачи, псоријазата треба да се смета за сериозна болест која влијае на целиот квалитет на животот на еден човек. Во минатото, псоријазата се сметала само за козметичка непријатност, но со откривањето на повеќе гени поврзани со оваа болест е јасно дека псоријазата е покомплексна болест која бара континуирано следење.
Вистинскиот лек за псоријазата сѐ уште не е пронајден, но можете да се справите со симптомите самостојно со неколку домашни лекови.
Алое вера
Ова е еден од најдобрите природни лекови против псоријазата. Многу експерти спроведуваа истражувања на оваа тема. Велат дека примената на гел од алое вера може да го намали црвенилото. Овој гел можете да го купите на пазарот или можете да земете свеж лист од алое вера и од таму да го извадите гелот. Применувајте го секојдневно за да видите резултати.
Куркумин, јаболков оцет и други природни лекови за псоријаза
Капсаицин
Капсаицинот е супстанција присутна во чили пиперките. Ако го додадете во маст, може да ги блокира нервите кои ви предизвикуваат болка. Исто така, може да помогне во намалувањето на воспалението и црвенилото. Сепак, бидете внимателни, бидејќи можете да се изгорите ако имате чувствителна кожа. Најдобро е да се консултирате со дерматолог пред да го употребувате.
Горчлива или Епсом сол
Ова ќе ви помогне да се ослободите од чешањето. Додадете го во топла вода и нанесувајте го на кожата со памук. Ако предизвика сува кожа, тогаш нанесете навлажнувач.
Масло од чајно дрво
Ова масло има антисептички свјоства што можат да ги лекуваат проблемите поврзани со кожата. Можете да користите шампон кој содржи масло од чајно дрво за да се ослободите од псоријазата на скалпот. Исто така, можете да додадете неколку капки масло во бањата.
Куркумин
Овој зачин има моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства, односно го намалува воспалението на кожата. Додавајте го во вашата дневна исхрана, а исто така можете да консумирате и парче суров куркумин наутро.
Куркумин, јаболков оцет и други природни лекови за псоријаза
Јаболков оцет
Ова може да ви помогне да се ослободите од чешањето на скалпот што е многу честа појава кај луѓето кои страдаат од псоријаза. Нанесувајте го јаболковиот оцет секој ден. Разредувајте го со вода ако мирисот ви е премногу силен. Ако скалпот ви крвари, тогај избегнете ја употребата на јаболков оцет, бидејќи можете да ги влошите работите.