Кус-кус со зеленчук

Потребни состојки:
5 лажици маслиново масло
1 пиперка
1 морков
1 главица кромид
1 чешне лук
150 г сечкани домати
1 тиквичка
150 г кус-кус
Сол и бибер
Магдонос
350 мл топла вода
Коцки за супа
Начин на подготовка:
Загрејте масло и пропржете кромид и лук, додајте домати, морков, пиперка и промешајте.
Зачинете веднаш и оставете го неколку минути да се запржи. Додајте ја сечканата тиквичка и пржете околу 5 минути.
Додајте кус-кус, магдонос, сипете топла вода во која ќе додадете коцка за супа и оставете да се вари околу 10 минути додека да омекне.
Послужете со јогурт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.