Еден инцидент дури барал повредениот службеник да оди во болница, пишува Independent.
Конзервативната чуварска група „Џудишал Воч“ денеска објави речиси 200 страници од записите на Тајната служба до кои дошле преку тужба од Законот за слобода на информации.
Групата ја поднела тужбата откако не добиле „соодветен одговор“ кога побарале евиденција во декември минатата година за инцидентите со чистокрвниот германски овчар на Бајден.
Тие објасниле дека споменатото барање било поднесено откако добиле дојава за тоа како се однесува кучето на Бајден. Белата куќа денеска се обиде да го намали значењето на овие податоци. Елизабет Александар, директорка за комуникации на првата дама Џил Бајден, рече дека комплексот на Белата куќа е „уникатна и често стресна средина“ за домашните миленици.
Таа нагласи дека семејството Бајден „работи на тоа да ја подобри оваа ситуација за сите“. Ентони Гулиелми, главниот портпарол на Тајната служба, рече дека неговата агенција советувала неколку неодамнешни претседатели „како најдобро да оперираат околу домашните миленици, и овие инциденти не се исклучок“.