ЛАВРОВ: РУСИЈА Е ПОСИЛНА ОД ПРЕД ВОЈНАТА – СЕ ОБИДОА ХИТЛЕР И НАПОЛЕОН И БЕА ПРЕГАЗЕНИ

,,Русија е многу посилна отколку што беше пред избувнувањето на конфликтот во Украина, кој беше поттикнат од САД”, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. 

– Веќе се видливи резултатите од војната со Русија, која САД ја започнаа преку Украина. Го спомнавте проширувањето на НАТО, но клучниот резултат за нас и за другите е што Русија стана многу посилна отколку пред сите овие настани – рече Лавров обраќајќи им се на присутните на форумот во Доха преку Интернет.

Неделковски: Стефковски наследи полна каса и готови проекти за да направи хаос
Дека општина Гази Баба ги живее своите најмрачни три и пол години веќе не е прашање на компарации со некој претходник, туку реалност и факт за кој говорат граѓаните, пишува Влатко Неделковски …
Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко обљубил малолетничка!
Во средата околу 15.20 часот, маж на возраст од 54 години од Неготино, во полициската станица пријавил дека неговиот татко извршил обљуба врз малолетничка. Според пријавата во ОВР Неготино, неговиот татко на …

Тој додаде дека така ќе биде додека не завршат борбените операции, пренесува Тасс.

Лавров потсети дека на почетокот на 19 век, Наполеон ја мобилизирал речиси цела Европа да ја нападне Русија, но таа го поразила и „по таа агресија станала посилна“.

Тој рече дека Хитлер го направил истото во средината на 20 век, кога ги мобилизирал повеќето европски земји да започнат агресија против Русија.

– И тој беше поразен и по таа војна станавме посилни – нагласи Лавров. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.