Актуелниот шампион на Италија, Милан го претрпе најтешкиот пораз оваа сезона, со 0-4 на гостувањето во Рим, кај Лацио.
Уште во четвртата минута, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја најави катастрофата на росонерите, со еден погодок со удар од шеснаесетникот. Милан се обидуваше да се спротивстави и да се врати, но негативата стана двојна во 38. минута, кога Ѕакањи ја најде мрежата
Луис Алберто заработи и реализира пенал во 67. минута, а потоа асистираше за конечните 4-0, за голот на Фелипе Андерсон. Со оваа победа на Лацио, четири екипи од второто до петтото место се наоѓаат во еден бод. Милан има 38, Лацио сега е трет со 37, колку што имаат и Интер и Рома.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.