Леб со ореви и брусница: Нема да можете да му одолеете на ова сочно, меко и слатко тесто!

Состојки:
4 шолји мешавина од интегрално и бело пченично брашно
1/3 шолја кафеав шеќер
1 лажиче сода бикарбона
1 лажиче морска сол
100 г путер, исечен на коцки
1 јајце
1/2 – 1 шолја млеко (проценете според густината на тестото)
1/4 шолја минерална вода
1 шолја брусница и/или суво грозје
1/4 шолја сечкани ореви
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Во голема чинија ставете брашно, шеќер, сода бикарбона, морска сол и добро измешајте, а потоа додајте путер и изгмечете го во брашното. Посебно изматете јајце со млеко и минерална вода и полека додавајте го тоа во сувите состојки, истовремено мешајќи со лажица.
На крај, додајте ги оревите и сувото овошје, замесете тесто, формирајте векна, засечете ја на неколку места со остар нож и печете ја во загреана рерна околу 45 минути.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.