ЛЕВИЦА: Никој не се грижи за бегалците од конфликтот во 2001 година

Во конфликтот од 2001 инициран од терористите од денешната ДУИ раселени биле над 70.000 граѓани, голем број од тие семејства се уште не добиле трајно сместување или било каква посериозна помош од страна на државата што е спротивно дури и од Охридскиот рамковен договор.

Имено во Анекс Ц точка 3.1 во рамковниот договор стои дека „Сите страни ќе работат да обезбедат враќање на бегалците кои се граѓани или имаат законски престој во Македонија и на раселените лица, во нивните домови, во што е можно покус временски период“ a повеќе од две децении по потпишувањето на овој договор, сакајќи да коалицираат со поранешните УЧКи и да останат на власт за да цицаат државни пари, ниту СДС ниту ДПМНЕ немаат мрднато ниту со прст за овие лица.

За да се дознае што и дали државата има нешто напраено за овие луѓе, координаторот на секторот Кристијан Димков испрати барање за информација од јавен карактер до министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците чија една од малкуте надлежности е доследно спроведување на охридскиот рамковен договор На ова барање, законски мора да има повратен одговор но очекувано, од министерството молчат. Поради тоа ќе биде поднесена жалба до агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Затоа јавно го прашуваме Artan Grubi како министер за политички систем и односи меѓу заедниците што и дали воопшто нешто има направено во однос на овој дел од охридскиот рамковен договор и јавно ги прашуваме сервилните „македонски“ политички партии ВМРО и СДС, зошто го немаат потегнато ова прашање и дали им е сеедно тоа што македонците се граѓани од втор ред во сопствената држава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.