Ги сакаме рецептите кои се едноставни, не ви го трошат половина од денот и целиот паричник, а притоа се неверојатни вкусни.
Доколку сте во потрага по лесен, летен рецепт кој ќе го задоволи вкусот на сите, нема да погрешите со оваа ледена мока торта.
Потреби состојки:
1 шолја чоколадни наполитанки (исечкани ситно)
¼ шолја шеќер
¼ шолја стопен путер
1 пакување (околу 225 gr) омекнато крем-сирење
1 конзерва (околу 400 ml) засладено, кондензирано млеко
2/3 шолја течно чоколадо
2 лажици инстант кафе во гранули
1 лажица врела вода
1 шолја слатка павлака, изматена во густ крем
Начин на подготовка:
Во сад измешајте ги сечканите наполитанки, шеќерот и путерот. Оваа смеса натапкајте ја со помош на дното од чаша на дното од кружен калап чиј обрач се вади.
Во подлабок сад измешајте го крем сирењето, млекото и течното чоколадо додека не добиете мазна смеса. Растворете го инстант кафето со врелата вода и додадете го во првата смеса. На крајот додадете ја изматената слатка павлака и добро измешајте.
Оваа течна смеса истурете ја врз првичниот слој наполитанки. Оставете ја мока тортата добро да се стегне во замрзнувачот најмалку 8 часа или најдобро во текот на целата ноќ.
Пред послужување извадете ја тортата да се пушти околу 10-15 минути. Извадете го обрачот од калапот и со нож поминат под топла вода сечете парчиња.