Совршеното време за првото утринско кафе е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, потврдува последното истражување на британските научници и лекари.
Имено, доколку консумирате кафе штом се разбудите, вашето тело може да реагира потполно спротивно на вашите очекувања. Освен тоа, со таа погрешна навика можете трајно да го загрозите здравјето и да го нарушите вашиот имунолошки систем.
Ви претставуваме неколку причини поради кои треба првото утринско кафе да го одложите за периодот по 9:30 часот:
Ќе ве направи уште попоспани
Иако е кафето полно со кофеин, доколку испиете шолја од овој напиток штом се разбудите, може да имате потполно спротивно дејство. Кофеинот го удвојува нивото на хормонот на стрес и може да доведе до проблеми со спиењето, што резултира со умор. Ако го започнете денот со шолја кафе со многу шеќер, набрзо по пиењето на кафето може да почувствувате умор и поспаност. Тоа се случува бидејќи нашето тело произведува инсулин за да надомести шеќер, предизвикувајќи пад на нивото на глукозата во крвта и недостаток на енергија.
Ја суши кожата
Со оглед на тоа што кафето влијае на цревата, тоа го дехидрира телото поради што токсините потешко го напуштаат телото преку кожата. Како резултат на тоа, кожата станува посува и може да резултира со предвремени брчки и кожни проблеми.
Може да ја зголеми анксиозноста
Наутро по будењето, нивото на хормонот на стрес е обично највисоко. Бидејќи кофеинот е стимуланс, може да предизвика непријатност, нервоза, а кај некои луѓе може и да ја зголеми анксиозноста.
Може да го зголеми нивото на шеќер во крвта
Утринската шолја кафе ја отежнува регулацијата на шеќерот во крвта, што доведува до појава на разни болести. Високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до дебелина и да го зголеми ризикот од кожни инфекции.