Лек за СПУШТЕН СТОМАК – наутро се јавува болка кон срцето и на допир дава звук на клокотење

Спуштањето на стомакот може да биде вродено или како резултат на општото спуштање на стомачните органи, црниот дроб, панкреасот, бубрезите…

Причини се неправилниот живот, претерана тешка физичка работа и силно слабеење на организмот.

Се чувствува тежина во стомакот, киселина, понекогаш болки во стомакот и грбот меѓу плешките, главоболка и срцебиење.

Во левата горна половина уште од изутрина започнува непријатна болка во правец на срцето. Таквиот стомак се празни бавно, а на допир во областа на папокот дава звук на клокотење на вода.

Наутро, напладне и навечер на болниот му се дава по една лажица од следнава смеса:

500 г мед и
50 г чиста борова смола

Се мешаат убаво и се варат на пареа дури не се раствори смолата.

ЧАЈ:

Се зема по 50 г од секоја од билките кои можете да ги купите во Билна аптека:

-петровец
-цвет од бела и жолта ајдучка трева
-мента
-бело подабиче
-црвен кантарион
-модра линцура
-корен од цикорија

Три лажици од смесата вријат 15 минути со 600 мл врела вода.
Кога ќе се олади се цеди и се додаваат 3 лажици мед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.