Легендарната српска пејачка Лепа Лукиќ никогаш не криела дека има три пензии, единствено од секогаш ја криела сумата на истите.
Таа во една прилика открила дека едната пензија ја заслужила од одредените години и стажот, додека другата е националната и третата е канадска и ја наследила од покојниот сопруг.
-Националната пензија ми е 60 илјади динари, а другата 90 илјади динари, имам и канадска пензија од 1.000 евра. Може да се живее и од националната пензија доколку водиш сметка за се, вели Лепа и открила како дошла до сите три пензии.
Таа вели дека националната пензија не ја „бркала“.
-Бев во Америка и кога се вратив се слушнав со некој луѓе кои ми рекоа дека сум ја добила. Државата ме признала како пејач, а јас имам статус и истакнат уметник, така да првата пензија ја добив на 35 години работен стаж и 55 години од животот. Државата видела дека секаде сум признаена и ја добив пензијата, вели Лукиќ.