Освен што се прави брзо, оваа освежителна салата содржи голем број хранливи материи.
Лесен летен оброк: Салата со целер, ореви и јаболко
Потребни состојки:
60 грама ореви
8 стапчиња млад целер, исечени дијагонално
1 поголемо јаболко
3 лажици сок од лимон
2 лажици пармезан
60 мл маслиново масло
лута пиперка, сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 Целзиусови степени.
Ставете хартија за печење на плехот за печење, а потоа посипете со ореви. Печете ги во рерна 8-10 минути. Оставете ги да се изладат, па исечкајте ги.
Во сад измешајте ги целерот, листовите од целер, оревите, исечканото јаболко и сокот од лимон. Зачинете по вкус.
Додајте ги пармезанот, маслиновото масло и лутата пиперка.