Предлог за брз и лесен ручек во летните денови.
Потребни состојки:
-2 конзерви туна
-една поголема краставица
-3 лажици исецкан копар
-500 мл кисела павлака со помала масленост
–едно авокадо, по желба
-3 млади кромиди
-сол бибер
-листови марула
Подготовка:
Процедете ја туната, па ставете ја во поголем сад. Исчистете го зеленчукот, измијте го и исечете на поситни коцки. Ако користите авокадо, исечете го на коцки и прелијте со сок од лимон.
Исецкајте го младото кромидче. Додадете сол и зачин по желба, убаво измешајте и на крајот додадете ја киселата павлака.
На чинијата додадете ги и листовите зелена салата, па врз нив сервирајте ја салатата и послужете со потпечен леб.